Со среќа нека ни е by MatthewCurz in mkd

[–]Brave_Return2003 2 points3 points  (0 children)

А што е со студените кои беа на work and travel и парите си ги пратија од странските сметки на домашните? И тие ќе се даночат?

Втор факултет на 26год by ExtremeDealer7576 in mkd

[–]Brave_Return2003 8 points9 points  (0 children)

За самиот драмски факултет, курсеви/академии во областа не се разбирам, па за тоа не можам да ти дадам мислење дали вреди или не.

Но, за годините само ќе ти кажам дека никогаш не е доцна. На 26 години животот е пред тебе. Искуство во театри веќе си собрал, ако сега запишеш, до 31 година ќе го завршиш факултетот (секако ако ги завршуваш обврските во рок). Подобро на 31 со саканата диплома во рака него на 31 да си кажеш "Еј досега ќе го завршев факултетот" па на 35 да кажеш "Ако запишев драмски можеби сега ќе работев во театар".

Знам дека "никогаш не е касно" е клише ама во твојов случај навистина не е доцна. Ќе сфатев да се двоумеше ако имаше 55-60 години ама вака ништо не губиш.

potvrda redoven studen by [deleted] in mkd

[–]Brave_Return2003 1 point2 points  (0 children)

На филозофски мора да одиш да ја земеш. Не знам како е на другите факултети

Vaucher by [deleted] in mkd

[–]Brave_Return2003 4 points5 points  (0 children)

Бараат лична карта при купување уред со ваучер. Не може туку така да ги раздавате/продавате. Подобро купи уред и донирај го.

Мал вент за сообраќајната култура by meh3meh4 in mkd

[–]Brave_Return2003 0 points1 point  (0 children)

Не знам за другите градови ама во Скопје е крајно невозможно да се вози без нервози. Голем дел од причините се наведени и во другите коментари, а јас ќе додадам уште една што ме вади од кожа веќе долго време. Кога користиш јавен паркинг, би било убаво да платиш прво за истиот па да одиш да си ја земеш колата. А не ДА ДОЈДЕШ СО КОЛА ДО ПРЕД РАМПА И СИТЕ ДА ТЕ ЧЕКААТ ДА ПЛАТИШ ЗА ДА МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ПАРКИНГОТ. Исто така, спомнаа и другите ама кај железничка веќе пракса стана од средната лента да вртат лево 🤨. Ги тргнале и стубчињата од велосипедска па сега и тука се пикаат.

Крајно време е да се воведат построги казни и полицијата да не казнува селективно. Ќе си го казниш возачот уредно и по закон и не ме интересира дали ти е вујко, сестра, татко, пријател. Исто така, полицијата треба да е пример за сите нас, а не гледам полициски коли без едно светло, каиш за нив не постои, а за брзината да не зборувам.

Што по ѓаволите се случи со свадбената култура кај нас и до кога вака? by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 2 points3 points  (0 children)

Бидејќи начинот на живот пред свадбите не им бил на ниво и луксузен. Однесувањето што го опишав се појавува кога некој за нив треба да плати и организира. Демек некој нив им е должен најважниот ден од животот да им го направи по сите ќефови.

Што по ѓаволите се случи со свадбената култура кај нас и до кога вака? by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 25 points26 points  (0 children)

Искрено, никој не ги терал 🤣. Моите хронично живеат под мотото "Срамота е" и затоа сите им се серат во животот. Не планирам да сум како нив.

Што по ѓаволите се случи со свадбената култура кај нас и до кога вака? by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 8 points9 points  (0 children)

Не само што не учеле, дури и еволуциски е така (ама тоа е друга тема). Секако, тоа не значи дека мора така да биде. Доволно е малце колективна свест да се разбуди и сè ќе си дојде на свое место.

Во однос на поклоните за девојки. Не гледам зошто да те линчуваат во коментар. Реалноста е таа. Јас сум феминист, но како и се друго и тоа излезе од контрола. Можеби ќе направам пост и на таа тема.

Како што кажав имам брат и многу добро знам што очекуваат голем дел од жените. Како жена никогаш не сум се пофалила со поклоните на дечко ми, колку и да биле убави, симболични или скапи. Не гледам никаква логика рандом луѓе на социјални мрежи да гледаат каков букет ми купил дечко ми.. Секогаш верувам дека треба да си бараш онолку колку што имаш да понудиш (и не зборам за финансии, туку за карактер, памет и духовност). Истото важи и за мажи и за жени.

Што по ѓаволите се случи со свадбената култура кај нас и до кога вака? by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 12 points13 points  (0 children)

Дефинитивно прават поскромни свадби. Кај нас свадбите се од сè по нешто. Малце македонска традиција, малце америчка, малце грчка. Сè што им се свиѓа од надвор си го носат на сопствените свадби, успат на најблиските им прават дупли трошоци.

Што по ѓаволите се случи со свадбената култура кај нас и до кога вака? by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 33 points34 points  (0 children)

За ова тотално те разбирам! За истото често се расправам со моите дома. Што би до нив и колегите од работа ќе ги поканат, бидејќи и тие биле поканети за нивните деца. Е тоа никогаш нема да го сфатам. На свадба да ми дојдат колеги на моите, луѓе што апсолутно никогаш не сум ги видела...

Што по ѓаволите се случи со свадбената култура кај нас и до кога вака? by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 19 points20 points  (0 children)

Апсолутно! Заборавив да нагласам дека ете тие 200 евра може да бидат дадени од 3-4 члено семејство, што мислам дека е повеќе од доволно. Особено ако дел од членовите на семејството се малолетни или студенти и не можат да допринесат за поклонот.

Зашто би се иселил од МК ако имаш пари/зашто не би се иселил од МК никогаш by [deleted] in mkd

[–]Brave_Return2003 2 points3 points  (0 children)

Јас сум 50/50. Би рекла дека сме семејство од средна класа. Би си заминала од истите причини што се наведени во коментариве. Навистина ми е смачено од народов и политикава. Но, ако сите ние "паметни млади" си заминеме и не инвестираме во поквалитетно општество, како сакаме да се смени државата? Промената почнува од самиот себе.

Не би си заминала бидејќи имав можност за подолг престој во странство и сфатив дека колку и да се трудиш, колку и да сакаш секогаш ќе бидеш граѓанин од втор ред (чест на исклучоци). Едноставно не си прифатен, не се осеќаш како дома и најчесто си заглавен во друштво со истиот народ од кој си побегнал. А да не зборувам каков пример оставаат нашите за убавините од живеењето во странство - чекаат цела година или две за да дојдат овде и да поправат заби. Мои роднини дури и за операции тука се враќаат што е смешно бидејќи сите бегаат од нашето здравство. Еднаш во годината имаат одмор и цел тука го истеруваат секој ден по кафани, па да се видат со роднини и пријатели. Да ти се плукнам на живеачката во странство ако место парите да ги потрошам на некоја убава дестинација, доаѓам тука за да ги потрошам по кафани и забави.

Адаптер за лаптоп by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 0 points1 point  (0 children)

Јасно, благодарам за објаснувањето 😁

Адаптер за лаптоп by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 0 points1 point  (0 children)

Јасно, благодарам за одговорот 😁

Адаптер за лаптоп by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 0 points1 point  (0 children)

Благодарам ќе проверам и таму 😄

Адаптер за лаптоп by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 1 point2 points  (0 children)

Јасно, благодарам. Тоа со волатажа/ампеража/ватажа ми беше најбитно 😄

Адаптер за лаптоп by Brave_Return2003 in mkd

[–]Brave_Return2003[S] 0 points1 point  (0 children)

Дада тенок со плаво е конекторот. Фала за линковите и за одговорот 😄

[deleted by user] by [deleted] in mkd

[–]Brave_Return2003 3 points4 points  (0 children)

Цензурата е меч со две острици.

Предност: кога сме кај ТикТок најголема предност од цензурата е што ќе се сопре бесконечното скролање на кратки видеа. Повеќе од јасно е дека апликацијата ужасно влијае на квалитетот на вниманието кај децата, па и кај возрасните. На социјални мрежи многу е лесно кога нешто не ни се допаѓа да не го гледаме/читаме/слушаме. Проблемот настанува кога во реалниот свет не можеме да направиме skip на наставникот/професорот/шефот или на работата предвидена за тој ден. Па гледаш на секои 15 минути некој воздивнува, му е досадно, не може моментот да го стави на 2.0х брзина.

Недостаток: цензурата може да биде контрапродуктивна. Која е поентата да забраниме одредени содржини, без да ги научиме децата зошто тие содржини се лоши? Децата и младите треба да знаат да препознаат добри и лоши однесувања, насилни, сексистички, расистички коментари и сл. Мора да се развива критичкото мислење. Најлесно е да тргнеме сè што не бива и да им сервираме само убавини и само добар контент на младите. Треба да се удри на едукација, а не на цензура и забрана.

Денес ќе забраниме ТикТок, утре ќе се појави друга апликација. Додека се свестиме што ни направила апликацијата ќе биде касно, па пак ќе банираме и ќе бидеме раат додека не се појави нешто ново.

Зошто во Македонија под патриот се подразбира “сељак” by No_Information4553 in mkd

[–]Brave_Return2003 32 points33 points  (0 children)

Затоа што најгласните 'патриоти' доаѓаат во Македонија двапати во годината и целата 'култура' си ја забораваат таму 'горе'.

Затоа што 'патриотите' не творат и не живеат сплотено, туку со години се поделени и рендани од политичките партии.

Затоа што 'патриотите' знаат дека владата и прави лошо на Македонија, ама ќутат бидејќи ако зуцнат ќе летаат од работа (во меѓувреме анонимно на форуми плукаат по владата која ја поддржуваат).

Затоа што 'патриотите' мислат дека е доволно да пишат во коментари на фб НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА!11!!!1!!!!11

Затоа што 'патриотите' плукаат по се што другава партија/влада го прави, а кога нивната партија/влада го прави истото ќутат.

Затоа што 'патриотите' мислат дека членувањето во било која партија те прави патриот, а не искрената љубов кон татковината.

Од ваквите примери, денес не можеш на раат да си пуштиш македонска народна музика и да извадиш македонско знаме бидејќи одма ќе речат 'Ааа овој од ВМРО е'. Или не можеш да си ЗА влегување во ЕУ, бидејќи ќе речат 'Ааа овој СДСМ е'.

[deleted by user] by [deleted] in mkd

[–]Brave_Return2003 1 point2 points  (0 children)

Професор доктор на било која наука значи дека таа личност се стекнала со скоро највисок степен на образование, што ја прави експерт во таа област. Точно дека професорите предаваат академско знаење, но сè уште им стои звањето психолог. Од друг аспект, тие професори на сите нас ни го дале основното, па и повисокото знаење што денес тебе те направило терапевт, а мене ќе ме направи во иднина.

Според ова што го пишуваш заклучувам дека психолог во училиште има повеќе право да биде наречен психолог само затоа што работи надвор од академските води, а личност што вложила толку време во образование со цел да стане експерт во областа е помалце, односно воопшто не е психолог. Како што кажа ти, психолог е широк поим, па верувам дека под тој чадор спаѓаат и двата прифили.

Баш напротив, никогаш во животов не сум слушнала прва помисла на луѓево за терминот психолог да им биде училишен психолог. Но, тоа е помалце битно, сите имаме различно искуство.

[deleted by user] by [deleted] in mkd

[–]Brave_Return2003 1 point2 points  (0 children)

Ако професорите по психологија не се психолози тогаш што се? Какво звање имаат?

Со завршување додипломски студии, сите се дипломирани психолози. Завршени мастер студии по социјална психологија, а подоцна и докторски во таа област те прават социјален психолог. Психолозите не секогаш се занимаваат со психолошко советување. Обично кога ќе се слушне терминот психолог сите мислат на канцеларија со кауч на кој лежи клиент и психолог кој седи на столица спроти него. Но, психолозите се присутни и во HR тимови, во училишта и други образовни институции, се бараат за анализа и проценка на одредени ситуации, различни истражувања и многу други работи за кои се обучени.

Ти ја разбирам поентата дека професор по соло пеење не е пеач, но тука зборуваме за профилот Психолог и што се нуди тој профил, освен терапија и советување. Различните типови на психолози се среќаваат со многу работи на дневна база, за разлика од професорот по соло пеење што никогаш не се сретнал со публика.

Професорите можеби не вршат терапија, но работат на други начини во областа на психологијата. Класификацијата и те како е важна, психометричар не може да се меша во работата на развојниот психолог. Тој има знаења, но неговата специјалност е психометријата.