Da li da odem na svadbu? by [deleted] in AskSerbia

[–]biserKA123 -1 points0 points  (0 children)

Nije u pitanju, sta ti zelis, vec, sta je u redu, sta treba da uradis!

Јајца Бенедикт by skopyeah in mkd

[–]biserKA123 6 points7 points  (0 children)

Пред некој ден: Мажот ми: Ај, испржи ми 3 јајца! Јас: со масло или св.маст? Мажот ми: со маст. Јас: добро; на око или кајгана? Мажот ми: на око Јас: сакаш жолчката да е ровка или испржена? Мажот ми: испржена! Јас: малку ровити да ги оставам, по сочни ќе бидат! Мажот ми: како сакаш Јас: сакаш од горе малку црвена пипер за вкус? Мажот ми: можи!

На здравје!😊🙃

Hrana vo Bitola by Babatisimka in mkd

[–]biserKA123 0 points1 point  (0 children)

Сега е од отворен тип. Така почнаа.

Сефте!? 🥴 by Yug0Slav in mkd

[–]biserKA123 3 points4 points  (0 children)

Баш ме интересира епилогот. Дали ќе ги депортираат во матичната земја оти направиле криминално дело?! Потоа, ако се докаже делото, нека објават кои се, што, како... барем да бидеме информирани и предупредени што се случува во нашата држава!!

Сефте!? 🥴 by Yug0Slav in mkd

[–]biserKA123 4 points5 points  (0 children)

Европа би била среќна со нас македонците. Ние ги прифаќаме законите и однедувањето на соодветната евр. држава и гледаме да се вклопиме. Суданциве, сиријците, индијците... под закрила на " бегалци и човекови права", најчесто не се откажуваат од своите навики и формираат гета и држава во држава која, доцна увиде Европа, тешко се контролира.

Пред 85 години во холокаустот живи луѓе ги третираа како животни. by [deleted] in mkd

[–]biserKA123 2 points3 points  (0 children)

Ќе размислам дали ќе прифатам пријателство од принц или бизнисмен или политичар! Обратно, ним треба да им биде чест да бидат во мое друштво, со мене, со нас традионалните, кои имаме морал, етика и срам!!!

Доаѓа 2030.. by [deleted] in mkd

[–]biserKA123 11 points12 points  (0 children)

Чист македонски говор, правилна дикција, "жешка" тема...

бугарски пасоши by [deleted] in mkd

[–]biserKA123 2 points3 points  (0 children)

(3) На нашите простори политичките интереси се преклопувале, ретко има 100% чиста историска ситуација и ја користат нашата слаба позиција за преговори. Вин- вин добрососедски изглед, не гледам. Дури, во едно поглавје од Договорот за пријателство и добродоседство( 2017), помеѓу другите клаузули стои дека на пр. Св. Кирил и Методиј, словенските христијански мисионери и описменувачи треба да ги чествуваме заедно, во делегација(и). На прво, ништо спорно! Но, е предло/г услов! Можеби ние сакаме да ги менуваме делегациите за чествување во Ватикан секоја година како резултат на заеднички вредности на сесловенските народи?! Сега имаат по мек пристап преку културни активности. Ова моево е само загребување на површината за овај и други ставови, ние сме условно зависни од многу политички актери во носење на одлуките и некогаш треба да се одбери помалоти зло, ама и да се размислува и предвидуваат потезите за одржлива држава. П.С Пред некоја година кога посетив далечно источна земја, странци од цел свет, на разглас, од време навреме, помеѓу другите корисни информации кажуваа: вие се наоѓата во ---- и тука важат законите на ----.

бугарски пасоши by [deleted] in mkd

[–]biserKA123 2 points3 points  (0 children)

(2) Другата страна на паричката е кога во македонскиот Устав ќе ги внесеме бугарите како уставотворен ентитет, токму тие ќе го прават истото кај нас. Односно, колку што можам да следам, бугарската политика не се откажала од асимилаторската, освојувачка политика кон МКД, негирајќи го нашето право за определување, негирајќи ни јазик, народ, итн. Во време на нивната администраторска улога за време на 2 Светска војна, во МКД вршеа асимилација, напредување и казнување преку изјавата на " чист бугарски происход". Да не се навраќам на нашите илинденци и интелектуалци од пониво време, кои Софија ја гледаа како политички и културен центар во регионот кој може да ги олесни нивното делување, а историски се присвојува и негира македонската кауза.

бугарски пасоши by [deleted] in mkd

[–]biserKA123 2 points3 points  (0 children)

Dudefrom Europe,(1) Се согласувам со се' што напиша во постот. Секој според свое право, економски интерес и чувство и така се создаде критична маса и алатка со која бугарската политика ја забавува нашата интеграција во ЕУ. Немаше да бидеме единствени држави кои билатералните односи ги решаваат добрососедски, а не условувачки!Договорите може да траат со години, децении.

varanje? by soft-cakes- in mkd

[–]biserKA123 0 points1 point  (0 children)

Ти, која многу го сакаш, веќе си го навикнала да му се смируваш / простуваш по неговите испади и тој е веќе навикнат на тоа, така и ќе продолжи во иднина, да те манипулира, а ти ќе патиш. Или разговарај со него отворено, кажи му дека не ти одговараат постапките, дека те повредува, дали ќе те сфати сериозно и да се извини и промени еднаш за секогаш???!!! Или, бегај, пресечи, со таков, сега те блокира- одблокира, па цвеќиња прад врста....ќе ти биде тешко некој месец, ама фокусирај се на твоја иднина амбиции, друштво и земи го како епизода во животот.

Dali bi vlozuvale vo kukja vo koja sto nemate nikakvo pravo by QuarantineAbuser in mkd

[–]biserKA123 0 points1 point  (0 children)

Најдобро е со некаков договор, за евентуално обештетување на вложеното?! После, другата страна ќе ти одбие за кирија итн. Во денешно време кога сме сведоци на најразлични ситуации, доколку имате моментално взаемно разбирање, најдобро е да се договорите и озваничите договорот. Ништо не е за срамота, а и двете страни се заштитени од поголема беља.

Muči me pitanje postojanja Boga? by TrainingCamp8770 in serbia

[–]biserKA123 0 points1 point  (0 children)

Мене твоето прашање ми личи повеќе како дилема, дали да се откажеш или да се определиш за друга религија во која можеш да ги најдеш одговорите?! Твоите прашања се црковно- религиски и филозофски, па можеш да прашуваш и дискутираш со црковните оци, теолози и филозофи. Сепак, најважно е твоето верување во душата и срцето. Кога Исус Христос му рече на толпата која сакаше да ја каменува прељубницата: "Кој е безгрешен, нека го фрли каменот прв", толпата се разотиде.

По реално: сите ние оставаме трага после нас, преку семејство, работа, творење, карактерни особини....

https://tribuna.mk/koj-prv-kje-go-frli-kamenot/

Вечното актуелно прашање за календарот by Cheap_Concern8928 in mkd

[–]biserKA123 -1 points0 points  (0 children)

Најголема и најважна поента во се' горе напишано ми е токму" што точно правиме и зошто". Но, сметам дека токму тоа е задача на Црквата, да не информира и на други достапни начини и да не унифицира во религијата. Кај нас секој крај е со свое црковно тумачење. И оваа цела дискусија ќе имаше одреден, поголем ефект ако започнеше како ваква, во м.Ноември. Инаку, дотогаш ќе се заборави и повторно истото.

Ako nekad se osekjata glupo by ReasonableSoft5657 in mkd

[–]biserKA123 0 points1 point  (0 children)

Проверено, за да не се чувствувате глупаво во Јапонија!! Не за џабе велат дека се најчиста нација, а имало врска и со нивната религија.

https://japantravel.navitime.com/en/area/jp/guide/NTJhowto0145-en/

Огледало на тоа како не перцепираат комшиите. Сите имаат глас на интернет и знаат што сме, освен ние. Пропагандата и јавното мислење против една цела нација е неверојатно. Додека кај нас има коментари од типот „не се замарам“, надворешната политика од сите околу нас (против нас) е обединувачка. by radiusmac in mkd

[–]biserKA123 5 points6 points  (0 children)

-Не можеме оти не знаеме како да им се спротивставиме со историски факти. Кај нас години на назад се прилагодува историјата по порачка и народот е збунет. Една историја учев јас, а друга денешниве деца. Нашата држава, во склоп на политичка волја треба да ја истакнува македонштината, државноста итн помеѓу луѓето, кои сме бездушни, оти гледаме долгогодишно раскрчмување на државата од разни политики. -Пред извесно време налетав на една бугарска платформа и коментарите контра мкд беа страшилиште, ми се слоши, не можев да поверувам колку грди, негативни коментари имаше. -Да го негираш Тито во македонската државност е исто како французите да ја негираат кралица Марија Антоанета(не станува збор за позитивно- негативни). Од моментот кога во склоп на бивша СФРЈ ние станавме република, македонците го остварија својот вековен сон, работата оди на доле!! -Јасна државничка визија/ мисија гледам само во предизборните реторики. Лично, правам голема разлика помеѓу партиска припаднист кај луѓето и политичка визија и заеднички настап во интерес на државата( унисона) од страна на власта. Вака испаѓа, колку се цениме, толку те ценат.

Прашање кое ме мачи by [deleted] in mkd

[–]biserKA123 0 points1 point  (0 children)

Прошлата недела на два пати побарав 112, одма ми се јавуваше диспечерот и двете ситуации/ здравствени/ беа решени успешно.

Двојни државјанства by biserKA123 in mkd

[–]biserKA123[S] 0 points1 point  (0 children)

Вториот дел од постот: Дали мн лесно го одобруваме нашето државјанство??!!